УЕФА целосно ќе ја компјутеризира жрепката за ЛШ

УЕФА е принудена речиси целосно да ја „компјутеризира“ жрепката во Лигата на шампионите.

Имено, од следната сезона најпресрижното светско клупско натпреварување ќе се игра во проширено издание со 36 клубови, во лига систем.

Секој тим ќе одигра по осум натпревари, четири дома и четири на гости. На жрепката клубовите ќе бидат сместени во четири „шешири“, во секој ќе има по девет клуба.

Составите на „шеширите“ ќе бидат одредени според петгодишниот клупски коефициент на УЕФА. Секој клуб ќе игра против два клуба од секој „шешир“.

Најголемата промена во однос на жрепката ќе се случи во самиот процес на извлекување. Имено, традиционалниот начин на влечење овде нема да биде опција бидејќи УЕФА проценува дека таквото извлекување би траело околу четири часа и за тоа би биле потребни околу 900 топчиња.

Клубовите нема да можат да играат против други клубови од нивните земји, освен ако не дојде до таква ситуација поради коефициентот во еден „шешир“ да има премногу клубови од иста земја и таа опција е неизбежна. Ова може да влијае само на земјите кои имаат четири или повеќе клубови во европските натпреварувања, односно првите пет лиги според коефициентот на УЕФА.

Исто така, беше потврдено дека во нокаут фазата ќе има две жрепки. Првиот на крајот од лигашката фаза на крајот на јануари и вториот на крајот на февруари за одредување на осминафиналните двојки.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Фудбал

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Read more

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Read more

Серхио Рамос се сели преку океанот

Read more

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе