Ванковска денеска ќе се сретне со граѓаните на Прилеп и на Демир Хисар

Ве покануваме денес, 6.4.2024 (сабота), да ја проследите агендата на Левица и агендата на проф. д-р Билјана Ванковска, кандидат за претседател на Левица, јавија од партијата.

– 12:00 ч. во Прилеп кај Саат-кулата, свое обраќање ќе имаат кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Билјана Ванковска, и носителот на ИЕ4, м-р Сашко Јанчев; 

– 17:00 ч. во Демир Хисар во Градскиот парк, свое обраќање пред присутните ќе имаат кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Билјана Ванковска, и генералната секретарка на Левица и носител на ИЕ5, Јована Мојсоска.

Искрената борба, која ја има во нашите редови, нè прави различни и единствени, порачаа од Левица.