• Саше Љолес

Ѕвездата на данската ракометна репрезентација, Матијас Гидсел, „пука“ од самодоверба пред финалето на Светското првенство против Хрватска и најави дека неговиот тим ќе го освои златниот медал.
Данците ја „размонтираа“ Португалија во полуфиналето, а нешто слично најавува и ракометарот на Фуксе Берлин, кој рече дека „би играл ако треба и без една нога“.
„Одигравме одличен турнир и ја покажавме нашата сила. Во финалето ако треба ќе играм и без една нога, па дури и без глава. Сега имаме прилика повторно да го освоиме златото и навистина се радувам за тоа.
Покажавме колку сме добри, оваа екипа не може никој лесно да ја победи. Се гордеам и ветувам дека ќе видите голема борба во финалето“, рече Гидсел.
Големото мундијалско финале помеѓу Данска и Хрватска ќе се одигра на втори февруари во 18:00 часот.