Девет години од вооружената престрелка во „Диво насеље“

Денеска се навршуваат девет години од вооружената престрелка во кумановско „Диво насеље“ на 9 и 10 мај 2015 во која загинаа осум припадници на безбедносните сили.

Во 28 часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили, Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст. Други 37 припадници на безбедносните сили беа повредени.