Почитувани граѓанки и граѓани, членови и поддржувачи на зелената партија ДОМ, како израз на етичка и морална одговорност, поднесувам оставка од функцијата претседателка на ДОМ.

Во најкус можен рок, согласно Статутот на ДОМ, ќе организираме конгрес на кој ќе биде избран новиот претседател и раководство на ДОМ.

Знам дека ДОМ ќе продолжи посветено да се бори за спроведување на зелените политики во Македонија, информираше Морачанин на нејзиниот фејсбук профил.

Според изборните резултати, Морачанин нема добитно место во идниот парламент каде што беше на 6-тото место на листата на СДСМ.


Администратор
09/05/2024 00:43