Демократска зрелост или очекуван пораз: Џентлменски честитки по изборната загуба

Џентламенско признавање на поразот но и честитки за победата на политичкиот опонент. Вака помина финишот на изборите откако поразот го признаа Ковачевски и Пендаровски но им ја честитаа победата на Силјановска Давкова и Мицковски.

Сепак не пропуштија прилика да порачаат дека додека делуваат како опозиција ќе ги анализираат  направените грешки кои признаа дека СДСМ ја испратија  во опозиција.

Од партиската говорница Мицковски и Силјановска Давкова пак со директна порака до дел од функционарите на доскорашната власт а сега веќе опозиција дека кој се огрешил пред законот ќе одговара.

Иако времето не ги спречи ВМРО-ДПМНЕ да излезат на плоштад и да прослават сепак временските услови не им беа благонаклонети . Славеа и партиите од албанскиот кампус но меѓусебни честитки не си упатија. 

ДУИ се пофали дека станале втора сила во државата а пак коалицијата Вреди дека се единствените претставници на албанците. Скромни прослави имаше и во партиските штабови на Левица и ЗНАМ.