Млад човек до смрт ги избол родителите и братот во Германија, тешко ја ранил сестра си

Млад човек од германскиот округ Валдшут до смрт ги избол родителите и братот, да тешко ја ранил својата сестра, пренесува германскиот весник „Билд“.

Тој синоќа ги нападнал родителите на возраст од 58 и 61 година и братот и сестрата, соопшти германската полиција.

Таткото и мајката, како и братот (34), се убиени на самото место во станот во областа Валдшут, во германската покраина Баден-Виртемберг.

Младиот човек тешко ја повредил својата сестра, која со хеликоптер била пренесена во болница. За среќа, нејзиниот живот не е во опасност.

19-годишното момче е уапсено на самото место. Тој има и германско и италијанско државјанство, пренесува „Танјуг“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.