Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори

Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата влегуваат во вториот круг од претседателските избори што ќе се одржат на 8 мај, истовремено со единаесеттите парламентарни избори во земјата.

Првичните резултати на Државната изборна комисија покажуваат дека од обработени речиси 100 проценти од гласачките ливчиња, најмногу гласови на претседателските избори освои кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова за која гласаа 362.682 лица, пред Стево Пендаровски од СДСМ кој освои 180.306 гласови.

Трет е Бујар Османи од ДУИ со 120.903, Арбен Таравари од коалицијата Вреди има 83.356, Максим Димитриевски од ЗНАМ има 83.787 , Билјана Ванковска поддржана од Левица 41.172 и Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 8.103.