logo
logo
logo

Двајца повредени во сообраќајка во велешко

Vecer | 02.07.2022

Двајца повредени во сообраќајка во велешко

Во судир на две патнички возила, едното од Велес и едно од село Раштани, на патот кон гробиштата Раштани кај Велес попладнево околу 13.20 минути повредени се 57 годишен маж и 27 годишна девојка. Двете лица се со повреди на градниот кош, информира за МИА д-р Лидија Проданова од Итната медицинска помош.

На местото на сообраќајката Итната медицинска помош стигнала во 13.30 часот и по укажаната прва помош повредените се пренесени во велешката болница.

На местото на настанот СВР Велес врши увид за сообраќајна несреќа и утврдување на причините за истата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk