logo
logo
logo

Паника во град во Монтана: Слон трча по улиците, сите багаат (ВИДЕО)

Vecer | 17.04.2024

Паника во град во Монтана: Слон трча по улиците, сите багаат (ВИДЕО)

Врисоци и паника настана кога слонот без проблем прошета покрај бензинска пумпа, паркинг и локално казино, додека зачудените минувачи го снимаа неговиот подвиг со мобилни телефони, објави Вашингтон Пост.

Научниците тврдат дека слоновите никогаш не забораваат, а се чини дека нема да заборават ниту жителите на овој град, со оглед на тоа дека слоновите се егзотични животни во овој град на северозападот на САД. Слоницата по име Виола успеала да побегне од циркусот Џордан, кој од почетокот на април е на турнеја во Монтана. Возачите со мобилните телефони го снимале слонот, кој панично го бркале вработените во циркусот со долг стап.

Слонот успеал п да помине покрај автомобил на патот и се упатил кон паркинг недалеку од бензинската пумпа пред да се пробие во населениот дел од градот каде конечно бил фатен, објави NBC Montana. Слонот не бил повреден при неочекуваната прошетка, а не предизвикал материјална штета. Локалниот новинар диџеј Бауер на социјалната мрежа Х, поранешен Твитер, објави дека Виола има 58 години и има азиско потекло. Таа побегнала додека се капела кога се исплашила од наглото сопирање на камионот.

На веб-страницата на циркусот Џордан е наведено дека денеска имаат две закажани претстави во градот, едната попладне, а другата вечер.

Организацијата за заштита на правата на животните, ПЕТА, изјавила дека кон слонот Виола не се постапувало хумано и дека до сега во три наврати избегала - во 2010, 2014 и 2021 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk