Перо Антиќ и Сања Ристиќ уживаат со своите деца на одмор во Грција.
Новиот македонски пар моментално е на островот Родос и не крие дека убаво си поминува во друштво на најмилите.
Перо и Сања споделија фотографии на Instagram. „Да ги изедам сега или покасно?“ – напиша Сања во описот на фотографиите од синчињата кои ги има со поранешниот сопруг – ракометарот Дејан Пецаковски.











Перо претходно објави фотографија со два од своите три сина, кои ги има од претходен брак.

Перо и Сања се во врска неколку месеци. Тие постојано објавуваат фотографии од романтични моменти од нивната врска.



