ВИДЕО | Трогателна приказна: Келнерка добила бакшиш од 200 долари кој ѝ го променил животот

Фото: Принтскрин / ТикТок

Младата келнерка Кортни Крафорд од Америка, неодамна ја преплавиле емоции кога непознатa гостинкa во кафуле ѝ оставилa бакшиш од 200 долари и трогателна порака, пишува Дејли мејл“.

Таа работи во „Старбакс“, но и во барот „Литл Рок“, Арканзас, кој бил омилено место на нејзината покојна мајка Тами, која починала од рак.

По овој гест на гостинката, Кортни одучила преку видео на ТикТок да ја раскаже својата трогателна приказна, која ѝ го променила нејзиниот живот.

„Тоа утро бев среќна, а жената која влезе ми се чинеше како нешто да ја мачи. Затоа решив да ја насмеам“, вели Кортни во видеото.

Кратко откако го испила кафето, гостинката му пришла на менаџерот на локалот и му дала порака за Кортни.

Пораката гласела: „Многу патувам поради работа, рано тргнувам и доцна се враќам. Јас сум тука два дена и ти си единствената личност што ја запознав и која е искрено љубезна. Навистина ми го разубави денот“.

Непознатата жена оставила и голем бакшиш со пораката, со оглед на тоа дека порачала само кафе. На келнерката ѝ рекла „да се почести со нешто убаво, затоа што го заслужува тоа“.

Кортни раскажува дека била изненадена кога ја видела сумата на пари и во видеото ѝ се обрати на дарежливата гостинка.

„Ви благодарам што ми го промени животот и направивте нешто што никогаш нема да го заборавам. Работам хонорарно во ‘Старбакс’, покрај работата со полно работно време, бидејќи морам да плаќам сметки и долгови што ги наследив. Парите што ми ги дадовте ќе ги потрошам за да купам урна за да ги донесам посмртните останки на мајка ми дома“, објасни таа.

Кортни додала дека сака да го направи тоа пред Денот на мајката, 12 мај, и дека немала средства да заврши се на време.

„Овие пари ми дозволуваат да го поминам празникот со мајка ми и затоа Ве ценам неизмерно. Значи, ако сте на ТикТок, сакам да Ви се заблагодарам од сè срце“, рече таа низ солзи.

Нејзиното видео привлече 3,6 милиони прегледи и предизвика лавина коментари на поддршка и благодарност за дарежливоста на непозната жена.

@dopaqueen715 Tik tok! Help me get this message to her! #mysterykindness #goodsamaritan ♬ original sound – Shnortney

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот