ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од директорот на затворот Шутка поради зачестените бегства

КПУ Затвор Скопје/Фото: МИА

Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од директорот на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол поради бегството на Нафи Абдиовски, за кој велат дека веќе 12 дена е во бегство, а исто така е и член на СДСМ.

 Сокол е и поранешен советник на Заев, а Нефи Абдиовски кој освен што има дузина пријави е и лик од доверба на СДС бидејќи има заеднички фотографии и со Заев и со Груби и со Пендаровски, но и фотографии во премиерскиот кабинет во Влада. Очигледно овој бегалец од затворот кај што раководи Сокол имал и повластен третман, што веројатно му овозможило да го напушти затворот и да не ја долежи казната, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Посочуваат дека бегствата од затвор стануваат секојдневие и потсетија дека пред некој ден имаше бегство од затворот Идризово, од каде избега криминалец кој застрела затворски стражар.

– Криминалците наместо во затвор се на улица и затоа подземјето владее со државата. Но во една мафијашка држава која има криминална влада, не е ни чудо главен сојузник на функционерите да бидат криминалците. Ова мора да престане, ова мора да се смени. Одговорност за ваквите скандали мора да има. Оваа криминална власт која дозволува криминалци и убијци слободно да шетаат на улица, мора да биде поразена и сменета, додаваат од политичката партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот