Свет

Екслузивниот настан How Brands Grow for Executives отворен за пријавување

22 фев 2024

Eдукативен маркетинг настан „How Brands Grow – for Executives“, организиран од Институтот „Ернеберг Бас“, годинава ќе се одржи три пати,  во Сингапур, Франција и САД. Организаторите најавија дека пријавите се отворени, а бројот на места е ограничен.

 Овој настан е наменет за маркетинг директори кои водат глобални тимови, сопственици на компании кои сакаат да го зголемат своето присуство на пазарот и амбициозни млади лидери. Како што е наведено на официјалната веб-страница на организаторите на настанот, тие на своите учесници им нудат искуство кое ќе им помогне да постигнат резултати и раст врз основа на вистински примери од практиката.

Настанот ќе им овозможи на учесниците увид во конкретни примери и алатки за примена на најдобрите маркетинг техники, а е дизајниран преку серија интерактивни работилници и динамични дискусии.

Врвните маркетинг лидери на Институтот „Еренберг Бас“ ќе им ги покажат на учесниците најсовремените наоди:

-Стратегии кои ќе (и нема) да доведат до одржлив раст на брендот

- Вистинската вредност на различните маркетиншки тактики

- Како да го имплементирате знаењето засновано на докази во вашите стратегиски процеси на одлучување и планирање и да го примените тоа знаење за да ја подобрите вашата организација

Првиот од серијата настани ќе се организира во Сингапур од 22 до 25 април, вториот е во Бордо, Франција од 17 до 20 јуни, а третиот од 9 до 12 септември во САД, на локација која ќе допрва ќе биде потврдена.

Повеќе за настанот на овој линк



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...