Папата Франциск: Од војната профитираат само производителите на оружје

Папата Франциск денес изјави дека се моли за мир на Блискиот Исток, Украина и другите делови на светот зафатени од војна, посочувајќи дека од воените конфликти профитираат само производителите на оружје.

„Победуваат само производителите на оружје“, рече Папата за време на своето обраќање од плоштадот Свети Петар во Рим, пренесе АНСА.

Папата истакна дека трите главни теолошки доблести, верата, надежта и смирението се „противотров на самодоволноста“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното