Јованов: Долга и широка работа е Македонија!

  • Фејсбук статус на Тамара Јованов

Кратко ама реално за претседателските:

1. Не се исти со парламентарните, полека.

2. Очекувано во втор круг влегоа големите со машинеријата (и после се’ сдс има 180.000 клиенти алооо).

3. Знам си собира незадоволни поранешни сдс – вкупно не беа малку, сосема очекувано е да имаат скор (ако поранешни сдс ви се по вкус).

4. Албанците стандардно вадат добри бројки – ди имаат агенда, заедничка им е по битните прашања – ако тоа не сконтавме досега, ништо не сме научиле. На балисти во влада не би се радувала посебно.

5. Левица излезе сама, наспроти коалиции од по 25 партии, без клиенти, без поткуп, без калкулации со милозвучни наративи што сакате да ги чуете – искрено, како и досега.

Лично, сметам дека е супер скор согласно приликите (повеќе од минати парламентарни), за први претседателски, со кандидат кој не е од партијата, со нефер третман по сите основи.

Некој одобрува, некој не, нормално – нема погодување на сите.

Супер искуство, позрели и помудри, а пак единствени неизвалкани со криминал и штета за Македонија, напротив!

На парламентарни пак се избор на сите граѓани на кои им е доста од едно исто 33 години и кои сакаат искрена борба за нивно застапување во Собрание, без калкулации за лична корист.

Сета среќа што ги има, оти доста работи досега ќе беа значително полоши, а отсега можат да бидат уште подобри.

На нас е!

Пс. Плс без патетики, политика е динамична дисциплина, со бројни фактори, а секако и со странскиот и медиумскиот.

Дали би било подобро за Македонија Левица каква ја знаеме, да не е или да е во Собрание, судејќи по работата досега?

Секако, прашањето е реторичко.

Напред, достоинствено, време ќе си покаже кој, што, како.

Долга и широка работа е Македонија!