Донирајте за скромната и независна кандидатка, поддржана од партијата на сиромашните

  • Фејсбук статус на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател поддржата од Левица

За скромен и независен кандидат поддржан од партија на сиромашните, работниците, неврабитените и експлоатираните, секоја ваша скромна донација ќе ни помогне подобро да се претставиме. Ние немаме за бини, огномети, бендови – ниту сакаме да го правиме тоа. Но, откако државата ни ги скрати и средствата за рекламирање, мораме да ви се обратиме вака. И ситни донации од повеќе луѓе ќе бидат значајна поддршка за која сум однапред благодарна.

НАПОМЕНА:

Поддржувачите од дијаспората не смеат директно да префрлаат средства бидејќи не се резидентни даночни обврзници. Но можете да префрлите преку вашите блиски во Македонија кои ќе го сторат тоа. Максимумот е 3000 евра, но јас не барам толку средства од вас. Колку и да можете, ќе ви кажам огромно фала!