БИХ увезува 250.000 литри млеко од Црна Гора

млеко
Фото: Пиксабеј

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора соопшти дека Босна и Херцеговина ќе откупи вишок од 250.000 литри млеко од црногорските производители и преработувачи на млеко.

Ова беше договорено на средбата на министерот за земјоделство Владимир Јоковиќ со министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина и заменик-претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Сташа Кошарц. Како што се наведува во соопштението, тема на средбата било ограничувањето на откупот на сурово млеко во празничниот период.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека претставници на тој владин сектор одржале средба со претставници на млечниот сектор (примарни производители и преработувачи). Не беа објавени повеќе детали, пишува „СЕЕ.биз.еу“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот