ФОТО | Меган Маркл продава џем: Само 50 одбрани го добија деликатесот од војвотката

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Меган Маркл неодамна го лансираше лајфстајл брендот „Овоштарник на американската ревиера“ (American Riviera Orchard). Дел од нејзиниот нов деловен проект е и продажбата на џемови кои веќе им ги испратила на инфлуенсери и познати пријатели. Од нив 50 го добија деликатесот на војвотката од Сасекс.

Тренд или вистинска љубов кон храната? Меган Маркл се приклучи на групата познати личности кои се занимаваат со производство и продажба на храна.

Џемовите на Меган Маркл веќе ги пофалија нејзините пријатели, модната дизајнерка Трејси Робинс и Делфина Балки.

Меган Маркл се фрли на промоцијата на својот бренд и испраќа производи на вистинските адреси. Трејси е сопруга на Брајан Робинс, извршен директор на „Парамаунт“. Овој пар се зближи со Меган и Хари на премиерата на филмот „Боб Марли“ во Јамајка во јануари.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Делфина е сопруга на спортистот Начо Фигуерас, со кој принцот Хари минатиот петок одигра хуманитарен поло натпревар на Флорида. Покрај Меган Маркл, прехранбени производи продаваат и Џулијан Мур, Леброн Џејмс и Вилијам Фарел.

Џемовите на Меган Маркл се украсени со етикета со името на брендот и името на градот Монтесито каде што со години живее со принцот Хари и нивните деца Лилибет Дијана и Арчи Харисон.

Делфина и Трејси го фалат вкусот на џемот на Меган, а обожавателите на сопругата на принцот Хари истакнуваат дека им се допаѓаат идејата и амбалажата на џемовите.

„Твојот џем од јагоди ме прави среќна. Го сакам твојот џем“, напиша Делфина.

Меган го лансираше новиот бренд минатиот месец. Потоа објави на Инстаграм дека го лансирала луксузниот бренд „American Riviera Orchard“: „Од Меган, војвотката од Сасекс. Основан во 2024 година“. Првата приказна на Инстаграм покажува како Меган Маркл бере цвеќе и готви со песната „I Wish You Love“ на Ненси Вилсон.

Името „American Riviera Orchard“ се чини дека е име избрано како одраз на љубовта кон Санта Барбара, калифорнискиот град каде Меган живее со принцот Хари и нивните две деца Лилибет и Арчи Харисон.

Според „Travel & Leisure“, Санта Барбара е позната како „американската ривиера“ повеќе од 100 години „поради својата умерена клима и бујните пејзажи, како и својата робусна култура на храна и вино“.

ВИДЕО | Се шири снимка на интернет: Меган Маркл избрка жена која сакаше да застане до принцот Хари

ВИДЕО | Меган го награди Хари со сочен бакнеж на поло натпревар пред камерите на Нетфликс

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот