<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Црната кампања е
карактерна особина на оваа влада. Не очекуваме дека ќе престане таа нивна црна
кампања која изобилува со монтажи, со навреди, со многу измислици и клевети,
вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Општина
Гевгелија, запрашан од новинарите дали во пресрет на почеток на изборната
кампања очекува фер кампања од власта.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Тој истакна дека,
што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, нема да води црна кампања затоа што македонските
граѓани знаат дека Македонија од осамостојувањето немала полоша влада, од оваа
на СДСМ и ДУИ и затоа ќе води позитивна кампања со презентација на проекти и решенија
за проблемите на граѓаните.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">„Нашата цел е во
оваа кампања да водиме позитивна кампања, односно да зборуваме за проекти и да
зборуваме за решенија на проблемите на граѓаните, а не да се оптеретуваме со
тоа, кој колку бил лош бидејќи сите граѓани знаат дека владата на СДСМ и ДУИ
беше лоша. Односно, да бидам попрецизен, полоша влада од осамостојувањето на
Македонија немало“, рече Мицкоски.</span>