Малелетничка тешко повредена во сообраќајка кај Кале додека одела пешки
Објавено во: Македонија 27 Март, 2024
Малолетничка била тешко повредена во соображајна несреќа во близина на скопското Кале, откако на 26.03.2024 во 07.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Никола Карев“ со ул.„Прохор Пчински“ во Скопје дошло до судар на две патнички возила.
Во сообраќајката помеѓу „фиат 500“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.С.(35) од Скопје и патничко возило „шевролет спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(76) од Скопје, едно од возилата удрило во малолетничка – пешак од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.