Во Британија пет лица обвинети за диверзии и за шпионажа во корист на Русија

Полиција Британија / Фото EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Британската полиција денеска објави дека пет мажи, меѓу кои и еден британски државјанин, се обвинети во врска со наводна непријателска државна активност во корист на Русија.

20-годишниот Дилан Ерл денеска се појави пред судот во Лондон обвинет по две точки од обвинението за „активност која најверојатно ќе биде од корист за Русија“, според судските записи. Ерл е обвинет и за подметнување пожар во комерцијална зграда во Лондон. Двајца други мажи, Пол Инглиш (60) и Нил Којо Менас (21), исто така беа обвинети за подметнување пожар.

Обвинителството во соопштение рече дека обвиненијата за подметнување пожар се однесуваат на „потпалување на комерцијален имот поврзан со Украина во март 2024 година“. Двајца други обвинети денеска се појавија пред судот во Вестминстер во Лондон. Џејк Ривс (22) е обвинет за примање материјална корист од странска разузнавачка агенција, како и за подметнување пожар.

Дмитриј Павлаускас (22) е обвинет дека не пријавил во полиција информации за терористички акти.

Обвинителството објави дека обвиненијата против Ривс и Паулаускас се поврзани со истрагата против Ерл, Инглис и Менас.

Сите петмина треба да се појават пред кривичниот суд на 10 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот