Гастрономско уживање од Дијана Иваноска: Посен чискејк со боровинки

Фото: Приватна архива

Дијана Иваноска со својот талент за комбинација на вкусови нè носи на едно исклучително гастрономско патување. Иваноска стои зад инстаграм-профилот „Dash of Spice“ и ни ги открива малите тајни за создавање магија од вкусови. Своите рецепти почнала да ги споделува со своите следбеници и пријатели од почетокот на пандемијата.

– Го сакам секој дел од процесот, но најмногу уживам во фотографирањето на храната – ни открива Дијана.

Инвентивната Дијана денеска споделува рецепт за едно гастрономско уживање – посен чискејк со боровинки.

Фото: Приватна архива

За кората:

– 120 грама бадеми сирови (потопени во вода преку ноќ)
– 45 грама лешници сирови (потопени во вода преку ноќ)
– 2 лажици кокосово масло (растопено)
– 1 лажица какао во прав
– 40 грама урми исчистени од семки
– сосема малку сол

Фото: Приватна архива

За кремот:

– 300 грама индиски ореви сирови (потопени во вода преку ноќ)
– 1 шолја кокосов крем
– 1/2 шолја јаворов сируп (јас заменив по половина од количината со сируп од урма и агаве)
– 1/3 шолја кокосово масло (растопено)
– сок од еден лимон
– 2 лажички екстракт од ванила
– 1/8 лажиче сол
– 100 грама боровинки

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Бадемите и лешниците се прецедуваат од водата и заедно со другите состојки за кората се мелат во процесор за храна или во блендер.
Се натапкува смесата на дното од калапот за чискејк.
Индиските ореви се процедуваат од водата и заедно со состојките за кремот се блендираат додека добиете кремаста смеса.
Кремот се сипува врз кората и се удира нежно калапот од работната маса да се израмни смесата и да излезат на површина меурчињата со воздух, доколку ги има.
Чискејкот се лади во фрижидер неколку часови или преку ноќ. Од оваа количина излегоа 6 мали чискејка и еден во округло тавче 18 см.
Уживајте!

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот