08 Мај, 2024
0.0235

Цената на зејтинот намалена за 40 денари

Објавено во: Економија 26 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Цената на маслото за јадење е намалена за 40 денари, а цената на репроматеријалите мируваат, истакна генералниот извршен директор на „Витаминка“, Сашо Наумоски при денешната посета на претседателот на Владата на Република Северна Македонија на фабриката „Брилијант“ во Штип, која е дел од групацијата на „Витаминка“.

–Цената е падната за скоро 40 денари и ние се трудиме и понатака цената да ја намалиме и да ја донесеме, ако е можно да дојде до цените од пред три години што беа. Цената најмногу зависи на нашиот производ од суровината, вели Наумоски.

Забележа дека не конкурирале за поевтина струја од 1 декември бидејќи имаат инсталирано фотонапонски централи, а производството на струјата од нив  за 30 отсто ги намалува трошоците за производство до крајниот производ.

Додека пак премиерот Ковачевски прашан за поволностите за поставување на фотонапонски централи, посочи дека како Влада комплетно ја имаат сменето законската регулатива. Но е дециден дека и нивниот став е дека фотонапонски централи да не се поставуваат на земјоделско земјиште од прва и втора класа.

-Во однос на поголемите централи исто така е направена промена во регулативата и тука се забрзани постапките. Меѓутоа, сакам да истакнам нешто многу важно. Ние не можеме да дозволиме земјиште од прва класа, земјиште од втора класа да биде користено за фотоволтаици. Регулативата ќе се однесува на земјиште од четврта, петта, шестта класа коишто треба да се користат за производство на електрична енергија, меѓутоа земјиштето од прва  и втора  класа треба да се користат за производство на земјоделски производи, бидејќи храната е исто толку значајна колку што е значајна и енергијата и заради ова Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за транспорт и врски и другите ресори се во постојана комуникација, вели Ковачевски.

Премиерот додаде ако за некои фирми  има застој за инсталирање на фотонапонски централи,  тогаш какошто вели веројатно  се работи за трансформација на земјиште од прва и втора класа што смета и дека не треба да се прави. 

Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката