ВИДЕОАНКЕТА | Дел од граѓаните од Чаир се надеваат на влез во ЕУ, дел немаат очекувања

Гласање избори 2024 / Фото Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Граѓаните на Македонија денеска од 7 до 19 часот гласаа на седмите по ред претседателски и единаесеттите парламентарни избори.

Екипата на „Слободен печат“ денеска беше на терен во општината Чаир. Заменик-претседателката на Избирачкиот одбор на гласачкото место бр. 2917, Сузана Костовска, изјави дека процесот на ова гласачко место се одвива во најдобар ред. Таа додаде дека бројот на гласачите е послаб од минатиот пат, но се надева дека гласачите ќе излезат да гласаат до 19 часот.

Ги прашавме и граѓаните дали се задоволни од текот на гласањето. Дел од нив излегле да гласаат со надеж дека ќе има подобра економија и сигурност. На друго гласачко место во општина Чаир, број 2892, претседателката на Избирачкиот одбор Фатиме Ибиши рече дека гласањето тече регуларно.

Граѓаните што ги анкетиравме се надеваат дека овие избори ќе донесат подобра иднина, развој на државата, вработувања, влез во Европска Унија, поддршка на младите со цел да не бегаат од државата. Некои граѓани додадоа дека не очекуваат многу промени, но сепак ја извршија својата гласачка должност.

На друго гласачко место во Чаир – тоа со бр.2821 – претседателот на Избирачкиот одбор Тесмир Етеми рече дека на гласање до попладневните часови излегле околу 40 отсто од избирачите.

Во прилог, погледнете ја анкетата од гласачките места во Општина Чаир:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот