ЌЕ СЕ СНИМА СЕДМАТА СЕЗОНА НА „ЦРНО ОГЛЕДАЛО“, ДЕТАЛИТЕ ЗА ЗАПЛЕТОТ СЕ ЧУВААТ ВО ТАЈНОСТ

САД, (Вараети)

Серијата „Црно огледало“ (Black Mirror) ја најави седмата сезона. Научно-фантастичната хит-серија создадена од Чарли Брукер се врати на екраните на почетокот на оваа година по четиригодишна пауза и достигна рекордна гледаност на „Нетфликс“.

Сè уште не е направен кастинг за седмата сезона, а и деталите за заплетот и бројот на епизоди се чуваат во тајност.

Во шестата сезона глумеа доста актери од холивудската А-листа, вклучувајќи ги Салма Хајек, Ени Марфи, Арон Пол и Џош Хартнет. Сезоната 5 беше составена од само три епизоди и глумеа Ендрју Скот, Ентони Меки, Јахја Абдул-Матин II, Тофер Грејс и Мајли Сајрус.