Верувале или не: Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Фото: Pixabay / BonnieHenderson

Јапонскиот меѓународен аеродром Кансаи прославува 30 години работа без ниту еден изгубен багаж.

Седмиот најпрометен јапонски аеродром соопшти дека досега не изгубил ниту еден патнички багаж од отворањето во 1994 година, пишува Си-ен-ен.

Овој аеродром има во просек од 20 до 30 милиони патници годишно. „Скајтракс“, веб-страница за рангирање и рејтинг на авијација со седиште во Велика Британија, го прогласи аеродромот Кансаи за најдобар на светот за ракување со багаж и му ја додели наградата во април.

За оваа година, Кансаи беше рангиран како 18. најдобар аеродром во светот, зад меѓународните аеродроми во Токио, Нарита, која е на петтото место и Ханеда, која е на четвртото место.

При изборот на најдобриот аеродром се земаат предвид критериумите како што се пристигнувањето на багажот навреме, понудата на храна и пијалоци, процентот на навремени влезни и појдовни летови и чистотата.

Вработените во аеродромот изјавија дека не се чувствуваат како да прават нешто посебно, но дека се среќни што ја добиле наградата.

Аеродромот Кансаи е изграден на вештачки остров во заливот Осака и ги опслужува регионите Осака, Кјото и Кобе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот