„Крени го гласот за Газа”

28.02.24 12:30

Голем број уметници се приклучија на светското движење за улична уметност познато како „Крени го гласот за Газа” (Unmute Gaza), кое ја користи креативноста и заедницата за да го привлече вниманието на тековната војна во Израел. Како поддршка на фоторепортерите, кампањата има за цел да биде потсетник на уништувањето што се случува секој ден. Дел од уметниците кои се вклучени во движењето се Ерон, Фејт XLVII, Ернест Захаревиќ, Есциф, Стефан Крише, Џофре Оливерас и Сајнер.

Автобуска постојка во Филаделфија. Фотографија на Luna Park.

Со децении, западните мејнстрим медиуми и институции покажуваат огромен недостаток на детално покривање за хуманитарните кризи во окупирана Палестина, со бројни случаи на системска медиумска пристрасност и цензура. „Западните земји цврсто ги осудија нападите на 7 октомври, но не и неселективното бомбардирање на Газа од страна на Израел, ниту ги признаа основните причини за оваа криза, вклучително и колонијализмот, апартхејдот или етничкото чистење”.

Цртеж базиран на фотографија на фоторепортерот Белал Калед, Газа, 23 октомври, 2023.

За да се соочи со оваа заглушувачка тишина, Unmute Gaza ги охрабрува заедниците ширум светот да печатат и прикачуваат уметнички дела што може да се преземат. Тие се појавија во различни делови на светот, и можат да се видат во автобуски засолништа, згради и излози.

Слика базирана на фотографија на фоторепортерот Белал Калед, Газа, 12 ноември, 2023.

За да ги направат плакатите, уметниците интерпретираа сцени фотографирани од последните фоторепортери на теренот, кои ги раскажуваат приказните за скршените срца на мајките, татковците, децата и првите што реагираа. Впечатлив нем симбол стои во средината на секоја композиција, принудувајќи го гледачот да размисли за разликата помеѓу гласовите на угнетените и гласовите на соучесниците.

Слика базирана на фотографија на фоторепортерот Белал Калед, Газа, 7 ноември, 2023.

Имаше голема загуба како последица од нападот на Хамас на 7 октомври во кој загинаа повеќе од 1100 израелски цивили. Понатамошната кампања на Израел предизвика огромен број на загинати првенствено меѓу палестинските цивили, кој неодамна надмина 25 000.

Делата вклучени во Unmute Gaza се достапни за преземање.

Слика базирана на фотографија на фоторепортерот Махмуд Басам, 17 октомври, 2023.

Железничка постојка во Осло.

Слика базирана на фотографија на фоторепортерот Махмуд Басам, 14 декември, 2023.

Слика базирана на фотографија на фоторепортерот Белал Калед, 23 октомври, 2023.

„Гугенхајм” во Њујорк

Извор: https://www.thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото