Па, што направил овој пат Кларксон? Се започнало минатата година…

Џереми Кларксон велеше дека токму BBC ја уништил некогашната легендарна серија наречена „Top Gear“. Други, пак, ќе кажат дека главен виновник е познатиот британски автомобилски новинар и дека BBC немал друг избор освен да не му го продолжи договорот, по серијата скандали во март 2015 година. Ова резултираше со заминување од тимот и на Ричард Хамонд и Џејмс Меј, а Top Gear постои и до ден-денес, иако веќе ја нема славата како некогаш.

Популарното трио сепак немаше причина да биде незадоволно, бидејќи беа ангажирани од гигантот Amazon да го водат новото шоу наречено „The Grand Tour“. Досега видовме пет сезони и 43 епизоди, но како што пренесуваат бројни медиуми, оваа серија наскоро би можела да дојде до својот крај.

И повторно поради Кларксон и повторно, погодувате, затоа што направил скандал. Мора да се каже дека оваа приказна се уште не е потврдена од Amazon, но доколку е вистина, Британецот нема да добие отказ, туку едноставно нема да му биде продолжен договорот. Тоа значи дека ќе го гледаме во следната сезона, бидејќи снимањето е веќе завршено, но не и во продолжението на серијата, ако го има воопшто. Претпоставката дека Хамонд и Меј нема да бидат заинтересирани да продолжат без него, што би го означило крајот на The Grand Tour.

Па, што направил овој пат Кларксон? Се започнало минатата година кога напишал сторија за весникот „The Sun“ во која ја исмејува Меган Маркл, односно војвотката од Сасекс. Тој ќе напиша: „Ноќе не можам да заспијам и додека лежам буден во кревет сонувам дека ќе дојде денот кога Меган ќе парадира гола по улиците на секој град во Велика Британија, додека јавноста извикува „Срамота“ и фрла човечки измет на неа“.

Кларксон подоцна стапил во контакт со Меган и нејзиниот сопруг Хари и јавно се извини преку Instagram, правдајќи се дека штотуку завршил со гледање епизода од серијата „Игра на тронови“ и дека после тоа му паднале на памет такви зборови, но дека никогаш не повикал на насилство. „The Sun“ ќе соопшти дека примил над 25.000 жалби на денот кога оваа реченица завршила во медиумите, со дополнителни тужби за тоа што му дозволила на Кларксон да ја објави.

Секако, никој не поверува дека навистина му е жал, туку дека го фатила паника дека ќе загуби уште една добро платена работа, а сите медиуми во Велика Британија објавија дека неговата кариера во Amazon е завршена. Меѓу нив се BBC и The Daily Мail, а велат дека американската компанија ќе го откаже и снимањето на идните епизоди од втората серија на Кларксон, наречена „Clarkson’s Farm“.

Таа исто така се емитуваше и на Amazon во осум епизоди и го следи животот на овој новинар на неговата приватна фарма во британската провинција Котсволдс. Дебитираше во 2021 година и досега е видена една сезона, но наводно се снимени уште две сезони и ќе се емитуваат до 2024 година.

Многу веројатно дека Кларксон и тимот повторно ќе најдат нова работа бидејќи се додека тоа носи многу пари, секако е добредојдено од многу радиодифузери. Иако прашање е дали неговиот ангажман навистина и носи профит на продуцентската куќа. Останува да видиме што ќе се случи…