1018 hPa
33 %

23 °C
Скопје - Нед, 13.04.2025 14:59
Мојата прамајка Султана Урошевиќ
Во дрвено корито пловела по небо
И ловела дождоносни облаци
Со помош на волчја и други масти
Чинела и уште многу други
Помали и поголеми чуда
По смртта
Продолжила да се меша
Во работите на живите
Ја ископале
Да ја научат на ред
И подобро да ја закопаат
Лежела со румени образи
Во дабов сандак
Само на едната нога имала
Црвена чизмичка
Со свежи траги од кал
Другата изгубена чизмичка
Ќе ја барам до крајот на животот.
Превод: П. В.