ВИДЕО: Нереални сцени во Атина – градот обвиен во сахарска прашина

Главниот град на Грција обоен во жолто-портокалова боја. Нереални сцени од Атина и јужните делови на земјата предизвикани од сахарската прашина.

„Сахарска прашина го претвора небото над Атина целосно портокалово“ – пишува во објавата.

Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“. Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесуваат медиумите во регионот. На мрежата „Х“ се споделуваат видеа од неверојатната глетка.

„Што се случува? Јас никогаш не сум го видел ова“ – пишува во друга објава на „Х“.

Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.

Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.

„ Африканска прашина ја прекри Грција – создаде морничава слика што направи Атина да изгледа како колонија на Марс, наводно вели грчки метеоролог“, стои во објавата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот