Жичарницата на Водно од денеска ќе работи со ново работно време – од 10:00 до 18:00 часот, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.
Последното возење од долната станица кон врвот ќе биде во 17:30 часот, додека последната кабина од горе-надоле ќе тргне во 17:45 часот.
Како што појаснуваат од ЈСП, ова работно време е во согласност со утврдената одлука за функционирање на жичарницата во месеците октомври и април.
Посетителите се повикуваат навремено да го планираат своето движење и да ги почитуваат предвидените термини за користење на жичарницата.