Хороскопски знаци кои се најголеми манипулатори: За еден од нив никогаш не би претпоставиле дека е таков

Фото: Phovoi R. / Panthermedia / Profimedia

Припадниците на некои хороскопски знаци успеваат лесно и самоуверено да ги контролираат другите, како марионети, пишува „Сенса“.

Тоа се случува затоа што оваа особина е вкоренета во нив, а еве за кои хороскопски знаци станува збор.

Вага

Кој би помислил дека толку мирни и разумни луѓе можат така вешто да манипулираат . Гледајќи ги претставниците на овој знак, не можете а да не сакате да се согласите со нив, бидејќи сè што велат почнува да делува како да е вистина, дури и ако до неодамна не мислевте така.

Рак

Тие се вешти во затајување и воопшто не се срамат да лажат ако тоа им оди во корист. Овие луѓе ќе го кажат и ќе го направат токму она што другите сакаат да го слушнат од нив, само за да ја добијат нивната наклонетост. Тие вешто си поигруваат со чувствата и емоциите дури и на најблиските, без да доживеат ни најмала непријатност.

Јарец

Можеби на многумина им делува дека Јарците се невини суштества, кои се зафатени со своите работни задачи и немаат време за никакви „игри“. Но, всушност, овие лукави луѓе се мајстори за тактика. Имаат аналитички ум, благодарение на кој се способни суптилно да управуваат со ситуацијата, која ја свртуваат во нивна насока. Воопшто не би се срамеле да го искористат својот пресметан пристап за постигнување лични цели и воопшто не е важно што тоа понекогаш може да се случи на сметка на другите.

Риби

Сосема е неочекувано да се најдат овие добронамерни суштества, управувани од Нептун, на листата на манипулатори. Но, ова е една од точките што објаснува зошто успеваат да избегаат од сомнежите. Вистинските суптилни манипулатори се кријат под нежната природа, чие главно оружје е емпатијата. Речиси е невозможно да сфатите дека Рибите ве контролираат. Тие го прават тоа внимателно, размислувајќи за сите чекори однапред.

Близнаци

Близнаците се светол пример за дуалноста на природата. Многу се плашат да не заглават во некоја рутина и да се дружат со зборот „секојдневие“. Претставниците на овој знак веднаш се префрлаат од еден во друг модел на однесување и можат да ги остават другите збунети околу нивните вистински намери. Поради нивната исклучителна промисленост, интелигенција и духовитост, тие важат за едни од највештите манипулатори. Тие имаат моќ да контролираат сè околу нив и да создадат перцепција што ја сакаат.

Скорпија

Скорпиите имаат лидерски квалитети и сакаат да ја користат моќта на емоциите за да манипулираат со ситуации во своја полза. Со својот вешт говор и победнички став, тие можат да влијаат на ситуациите и луѓето, менувајќи ја емоционалната длабочина на различните врски и управувајќи со нивната динамика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот