Секое дете носи искра на страв, а тоа не значи дека ќе биде плашливо, вели проф. д-р Владета Јеротиќ.

„Педијатрите и акушерите многу добро знаат колку е важно самото породување. Некои антрополози, меѓу кои и психоаналитичарот Ото Ранк, веруваа дека по тешките породувања, кај децата постои траен страв, но тоа не мора да значи. Поминувањето низ тесен отвор се доведува во врска со анксиозноста“ – рекол Јеротиќ на предавањето што го одржал во Ниш во 2014 година.

Тој вели дека не се сите стравови невротични, болни. Но, ако жената долго време се плашела пред да се омажи, треба да се обиде некако да го ублажи или излечи тој страв пред бременоста, бидејќи пренаталната психологија покажала дека стравот на жената се пренесува на плодот, а тој почнува да стравува уште во утробата. И после тој страв влијае врз млекото.

„Она што жената го чувствува додека носи дете во себе е доста важно, а тука е важен и таткото. Да, жената раѓа, носи и дои и се сметало дека само таа е важна. Но, веќе не е така и не треба да биде така. Детето треба еднакво да биде сакано и од мажот и од жената. Не е добро ако само еден, или можеби ниту еден не сака да има дете, а детето е веќе зачнато“ – изјавил Владета Јеротиќ.

Зборувајќи за стравот, тој рекол дека агресивните луѓе се всушност најплашливите и дека тоа многупати се потврдило.

„Човекот е агресивен од страв. А ако не од страв, тогаш тој е психопат. Повеќето од агресивните луѓе во основа се исплашени. И воопшто сме исплашени кога сме во инфериорна положба. И тогаш стануваме агресивни. Кога богатите почнуваат да го губат богатството, кога силата кај човекот почнува да слабее, тој може да стане уште подобар потоа или ќе биде поагресивен. Исто е и со староста. Кога човек старее, тој е или подобар или полош. Нема средина“ – тврдел Владета Јеротиќ.

На предавањето во Ниш тој зборувал и за патријархатот и потсетил дека тој не бил многу љубезен кон жените и оти жените се всушност покорни од страв, а послушни од љубов, што не е исто.

„Послушни од љубов треба да си бидат мажот и жената еден на друг. А како ќе прифати Балканецот дека не е глава на куќата, како што бил толку време? И нема главен. Бог ги создал мажот и жената да се надополнуваат, а не жената да биде покорна. Жените ги кренаа главите и тоа е готова работа, засекогаш. Нема враќање назад. И не знаеме што ќе се случи во иднина“ – велел Јеротиќ.

Говорејќи за стравот на човекот од разделба, Владета Јеротиќ нагласува дека постои страв од разделба и желба за разделба.
„Детето по 9 месеци сака да излезе од утробата на мајката. Тоа е природата. Потоа мајката дои. А потоа кога тоа ќе заврши, детето се двои од градите. И треба да доите, мајчиното млеко нема замена. Сепак, тажно е кога не доите, што не значи дека нешто нема да биде во ред со тоа дете, но му треба мајчиното млеко. Дури и во Америка, со сета своја наука, не успеаја да создадат замена достојна за мајчиното млеко“, истакнал овој српски академик и психијатар кој работел низ цела Европа, па додал дека негов совет до семејствата е да имаат повеќе деца, доколку е тоа можно.

„Кога беа пет или шест деца, не беше потребна психологија или советување“.

За бракот, проф. д-р Јеротиќ зборувал многу и често, а на предавањето во Ниш кажал и нешто за бременоста пред брак.

„Не забременувајте пред брак. Не го велам тоа затоа што сум некаков моралист, затоа што не сум. Ова не е добро затоа што или нема да има брак или ќе има принуден брак. Така мажот, а ова е моето искуство како психотерапевт, ќе рече – ‘ме уценуваше со детето’. И тоа е она што некои жени го прават, кога ќе им здодее по неколку години, а тој и сака и не сака да се ожени, па таа повеќе се грижи за семејството и децата отколку тој – рекол Јеротиќ и се навратил на темата страв.

Тој истакнал и дека неговиот народ – Србите се многу амбициозен народ. И на добри и на лоши начини.

„Тие сакаат повеќе отколку што можат. И така, таткото и мајката замислуваат одличен ученик кој дефинитивно мора да заврши факултет иако тие самите не го завршиле. Тоа потоа негативно се одразува врз децата, па учат 10 години, иако воопшто не се глупави и всушност ги сакаат тие студии“.

Извор



912

X