02 Мај, 2024
0.0287

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Објавено во: Македонија 19 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Бојан Јовановски, шоуменот чија затворска казна за „Рекет“ е во прекин, денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје побара да се расчисти случајот до крај.Боки 13 рече дека поднесува нови докази и ново вештачење од неговиот мобилен телефон. 

- Целиот случај „Рекет“ не е расчистен и на јавноста не и е јасно што се случувало. Барам повторно шанса да ја докажам својата невиност, рече Јовановски пред медиумите кои ги повика.

Тој алудираше на тоа дека не ги потрошил парите дадени од бизнисменот Јордан Камчев и дека, како што рече, поранешната обвинителка во случајот Вилма Русковска самата има наведено повеќе верзии за тоа каде завршиле 1,5-те милиони евра.

- Барам да ми биде дадена шанса во фер постапка, а не извитоперена и избрзана, да ја докажеме материјалната вистина и фактичката состојба - што навистина со слечувало во фамозниот „Рекет“, случај зад кој стоеше една цела констелација на политички притисоци, додаде Боки 13.

Во 2020-та Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева беа прогласени за виновни во случајот „Рекет“. Јовановски доби затвор од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева 7 години за злоупотреба на службената положба и овластување. Не се дозна каде заврпија 1,5-те милиони евра, а обвинителката Русковска рече дека нејзино лично убедување е дека поголемиот дел завршил кај Јовановски и Јанева.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање