„Гоце Делчев е симбол на една епоха, на една борба на македонскиот народ, борба за слободна македонска држава или во најмала мера, како што тие планирале да влезе како рамноправен и државотворен член на една поширока балканска конфедерација или федерација“, рече Ѓорѓиев.Тој посочи дека организација на која припаѓал Гоце Делчев е организација која размислувала за интеграција и спојување на народите.
„Оваа организација кон која припаѓал Гоце Делчев и многу современици всушност е организација која е далеку далеку пред сите на Балканот која размислувала за интеграција, спојување на народите, државите и за развој на економијата за просперитет и отворени граници. Додека пак другите се залагаа за проширување на своите територии за грабување на туѓи народи“, вели Ѓорѓиев