Регион

ЕБРД го покренува фондот „ЕНЕФ II“ за Западен Балкан

14 мар 2024

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) најави дека со поддршка и со дополнително финансирање, ЕУ го покренува инвестициониот фонд „ЕНЕФ II”, кој има за цел да ги поддржи компаниите со голем развоен потенцијал, а кои работат во регионот на Западен Балкан.

 Фондот „ЕНЕФ II” вкупно собрал 57 милиони евра од иницијалните инвеститори, меѓу кои се ЕБРД, ЕУ, „ Каса депосити е престити“ и германската развојна банка „Кфв“

 На официјалното претставување во Белград, „Банка итнеса“ ја објави дека има намера да инвестира 7 милиони евра во овој фонд, што преставува прво инвестирање на приватен инвеститор во фондот. ЕУ исто така ќе инвестира уште 7 милиони евра, со што вкупната вредност на фондот и расположливиот капитал за инвестирање ќе се зголеми на 71 милиони евра.

 Во организација на италијанската амбасада во Србија, на свеченото отворање присуствувале Емануел Жиофре, амбасадор на ЕУ во Србија, Лука Гори, амбасадор на Италија во Србија и Анке Конрад, германска амбасадорка во Србија. Тие ги истакнале заедничките приоритети за унапредување на растот во приватниот сектор и натамошниот развој на Западниот Балкан.

Го поздравуваме учеството на „Банка интеса“ во „Енеф II”, тоа е првата комерцијална инвестициска институција која придонесува во капиталот на фондот. Тоа ќе даде нова димензија во нашата обемна соработка со „Банка интеса“ во Србија и во регионот. Се радуваме на блиската соработка и обезбедувањето на неопходниот раст на капиталот во иновативните и високопотенцијални мали и средни претпријатија, изјави Матео Коланџели, директор на ЕБРД за Западен Балкан.

 

Извор:  Instore.se

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...