Надополнете ја велигденската трпеза со срдечна и вкусна скара
Секоја домаќинка се труди да подготви добра трпеза за овој христијански празник, низа предјадења, јадења, супи, десерти, но и незаменливиот велигденски колач.
Ви пренесуваме рецепт со кој традиционално се прави колач за Велигден во српските домови, а е многу лесен за правење.
Од состојките:
лажица шеќер
150 мл топла вода
половина пакување свеж квасец
200 мл топло млеко
јајце
путер
750 грама брашно од типот 400
една лажица сол
сусам
Во поголем сад истурете шеќер, 150 мл вода, квасец, 200 мл млеко.
Веднаш штом ќе забележите дека квасецот почнува да „работа“, постепено додајте ги брашното, јајцето и солта.
Се замесува тесто и се остава во форма на топка да нарасне во сад намачкан со масло околу 40 минути на топло место.
Одделете четвртина од тестото, направете топче и оставете го на страна.
Остатокот од тестото развлечете го и посипете го со растопен путер, а потоа расукајте го и пресечете го на половина по должина.
Прекрстете ги добиените делови еден преку друг, формирајќи плетенка.
Од тестото што сте го одвоиле можете да направите облик на јајце и да го ставите помеѓу плетенката за да го пополните просторот во тавата.
Намачкајте ја кората со јајце со малку млеко и посипете со сусам.
Печете ја плетенката за леб во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.