Јовановиќ за СТУДИО 10: Работа во администрација е сигурна, а во приватен сектор постојано ве оценуваат - затоа луѓето сакаат да бидат административци

И опозицијата и власта кокетира со администрацијата, а администрацијата станува партиски плен на оној што ќе ја освои власта. Тоа е типична игра на политичките партии, но тоа е нормално оти така се структуира моќта. Побитно прашање е колкава е структурата и квалитетот на таа администрација и дали институциите им служат на граѓаните и се нивни сервис. Има квалитетни луѓе, но се плашам дека во администрацијата има повеќе квантитет отколку квалитет, вели политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ во СТУДИО 10 на ТВ 24.

- Вработувањето во администрација е и менталитетски проблем. Ние сме некој вид посткомунистичко општество каде луѓето бараат државна работа. Ако дефинираме дека демократијата е поврзана со пазарот, вклучително и пазарот на труд, кај нас луѓето бараат закрила во државната служба. Во приватниот сектор секој ден те евалуираат, а во државна служба си заштитен иако нема многу пари но си сигурен. Луѓето се склони да бираат сигурност пред да бидат евалуирани секој ден, вели Јовановиќ.

Јовановиќ вели дека читајќи ја биографската книга на Барак Обама дознава дека Обама влегувајќи во јавна служба решил да ја спушти својата служба за да им служи на граѓаните. 

- СДСМ има некоја таква клетва добрите работи што ги создава ѝ предизвикуваат проблеми, но тој мангупски пркос им оди во прилог на ВМРО-ДПМНЕ, вели Јовановиќ додавајќи дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ води на анкетите не мора да е точно оти постои можност СДСМ до почетокот на кампањата и изборите да насобере повеќе луѓе, додека ВМРО-ДПМНЕ го има тоа исто гласачко тело и нема голем коалициски капацитет.

Јовановиќ не смета дека е можно ние да навлеземе во бугарско сценарио да не може да се направи подогорочна влада. Според него, ние имаме сосема поразлични специфики од бугарското општество исто како што имаме различни специфики со грчкото општество.

- Се знае што може да се очекува кога националистичка десница доаѓа на власт во Македонија и тоа не е добро. Затоа предупредувам дека неизлегувањето на избори е во нивна полза, вели Јовановиќ