ВИДЕО: Драма на аеродромот во Истанбул, товарен авион слета без тркалата

Авион на Федекс со проблеми слета на аеродромот во Истанбул/Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Страшно слетување на комерцијален авион се случи на аеродромот во Истанбул откако предниот дел од опремата за слетување на леталото не се отвори.

Како што јави Анадолу, товарен авион од типот Боинг 763 на компанијата Фекекс Ерлајнс, кој летал на релација Париз – Истанбул, имал дефект во системот за слетување.

Тој стапил во контакт со контролната кула на аеродромот во Истанбул и побарал дозвола за слетување.

По ова, преземени се неопходните мерки на претпазливост и испратени се екипи на спасувачката и противпожарната служба на аеродромот.

Кога авионот слетал, неизбежно се влечел по асфалтот, искрејќи од триењето. За летови беше затворена и пистата 16Р на аеродромот во Истанбул, каде што слета авионот.

Гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул, одговарајќи на прашања од медиумите по состанокот за проценка на безбедноста за првите 4 месеци од 2024 година, одржан во салата за состаноци на Дирекцијата за катастрофи и вонредни состојби во провинцијата Истанбул (AFAD) во Хасдал, рече: „Аеродромот во Истанбул е еден од најинтегрираните и најспецијализираните аеродроми во светот. Затоа, секое нарушување на пистата не влијае на летовите, летовите продолжуваат.

Во соопштението на истанбулскиот аеродромски оператор ИГА во врска со несреќата, се потсетува дека Боинг 767 со број на летот FX6238, кој полетал од аеродромот Шарл де Гол во Париз, успешно слетал под водство на кулата за контрола на летање без отворена предна опрема за слетување од техничка причина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот