Груби: СДСМ не влезе во „Европскиот фронт“ поради перцепцијата на нивните гласачи
Објавено во: Македонија 14 Април, 2024
Вицепремиерот Артан Груби во „Тема на денот“ синоќа на ТВ Сител рече дека СДСМ не влегол во ДУИ во предизборниот колаициски „Европски фронт“ поради поради, како што рече тој, перцепцијата на гласачите.
- ДУИ бараше да има заеднички кандидатски листи со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, но за жал нивните анкети од пред година и пол покажаа дека тоа не би било добро за нив и дека Македонците се чувствуваат како граѓани од втор ред и дека ДУИ владее, ја води владата и дека за се одлучува во државата, рече Груби.
Тоа, според министерот за политички систем, се совпаднало со наративот на ВМРО-ДПМНЕ и затоа СДСМ решил „да се повлече од Европскиот фронт“.
- На крај, на неколку месеци пред одлуката, се покажа на анкетите дека ако СДСМ настапи со ДУИ, ќе победи, додаде Груби, според кого претходната одлука на нивниот коалиционен партнер било „грешка“.