Продолжуваат кампањите за претседателските избори

Кампањата за парламентарните избори, која почна вчера, продолжува денеска со активности на партиите и коалициите за претставување на изборните програми и кандидатите за пратеници во шесте изборни единици во земјава.

Во исто време, продолжуваат и активностите за кампањата за претседателските избори која трае уште четири дена. Активности за претседателската кампања најавија и од штабот на кандидатот за претседател од движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски. Тој денеска ќе биде на средби со граѓани во Ѓорче Петров и во Велес.

Претседателскиот кандидат Билјана Ванковска денеска ќе го посети саемот на книга во „Борис Трајковски“.

Европскиот фронт, пак, денеска на заедничка прес-конференција ќе ја презентира изборната програма ЕУ2030. Активности се најавени и на кандидатите за претседател Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова.