Загрепските полицајци се уште дежураат пред станот на членката на ХДЗ Теа Франиќ, потврдено е за 24сата.хр. Како што дознава порталот, таа се заклучила во својот стан во Трешњевка и никому не ја отвора вратата.
Полициски службеници од вчера ја надгледуваат нејзината врата врз основа на судска наредба да се спроведе во Реметинец на издржување затворска казна од една година.
Ситуацијата е напната и утрово. Полицијата е во зградата, а соседите со интерес ги следат случувањата. Инаку, поминаа 40 часа откако полицијата првпат тропнала на вратата на Франиќ, инаку менаџерка со завидна кариера. Синоќа таа нарачала и храна, но бидејќи полицајците биле за сето време пред вратата од станот кесата со пилешки хамбургер преноќила на подот.
Соседите на Теа рекле дека порано или подоцна ќе има разврска зашто некој ќе попушти - или таа или полицијата, но и дека е прилично специфична жена.
"Таа е мој клиент и таа е во станот. Мораме да ја земеме предвид нејзината психофизичка состојба, на која драмата не влијае добро. Поради оваа причина, испратив писмо до полицијата со барање да не тропаат на вратата, да не употребат сила, за да не ескалира. Веќе половина час се обидувам да го добијам судот да ми каже кога ќе биде рочиштето по потерницата“, се пожалил адвокатот Нино Ќосиќ.
Да потсетиме, Теа Франиќ (44) последен пат во јавноста излезе кога пред неколку дена во предизборниот штаб на Драган Приморац ги коментираше резултатите од претседателските избори во Хрватска, а пред тоа кога беше објавено дека била осудена за закани кон претприемачот Никица Јелавиќ, и дека ќе мора да оди во затвор.
Дека повеќе нема да може да го одложува извршувањето на казната и дека нејзината слобода е при крај со оглед на тоа што и е укината условната казна од една година бидејќи не ја почитувала условната казна и мерката за психијатриско лекување, и станало јасно синоќа кога полицијата и тропнала на вратата, пишува Јутарњи лист.