Били Ајлиш без „влакна на јазикот“: Сфатив дека го сакам моето лице во вагина

Фото: Michael Tran / AFP / Profimedia

Популарната пејачка Били Ајлиш се отвори за својата сексуалност и уште еднаш докажа дека не се плаши да биде целосно искрена.

Откако објави клип од нејзината претстојна песна „Lunch at Coachella“, полн со сексуално експлицитни текстови, пејачката реши да открие што ја инспирирало за песната. Имено, таа во интервју за магазинот „Ролинг Стоун“ зборуваше за нејзината сексуална ориентација.

„Во суштина зборувам за секс секогаш кога можам. Тоа е буквално мојата омилена тема. Моето искуство како жена е дека тоа се гледа на толку чуден начин. На луѓето им е толку непријатно да зборуваат за тоа, и тие се изненадени кога жените зборуваат за сексуалноста. “ изјавила таа.

„Некои од нив ги напишав пред да имам искуство со девојка, а останатите ги напишав после… Цел живот сум вљубена во девојки, но тоа не го сфатив до минатата година кога сфатив дека го сакам моето лице во вагина“, додала пејачката.

Инаку, песната ќе биде еден од најавените синглови за нејзиниот нов албум „Hit Me Hard and Soft“.

За потсетување, Били Ајлиш оваа година доби Оскар за песната „What Was I Made For?“ од филмот „Барби“.

ВИДЕО | Били Ајлиш раскинала со своето момче поради Кристијан Бејл

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот