ФИФА Светско првенство Катар 2022

Левандовски го постигна првиот гол на СП

Фудбалерите на Полска ја победија Саудиска Арабија со 2:0 во второто коло на Светското првенство во Катар и со тоа целосно ја искомплицираа ситуацијата во групата Ц.

Од почетокот на натпреварот се играше грубо, па бразилскиот судија до 20. минута додели дури четири жолти картони.

Репрезентацијата на Полска стигна до првата победа на Светското првенство во Катар откако славеше со резултат од 2:0 против Саудиска Арабија. Со денешната победа Полска е на добар пат да обезбеди место во осминафиналето со оглед на тоа што стигна до четвртиот бод.

Саудиска Арабија прикажа уште една одлична партија, го имаше поседот на топката, упати двојно повеќе удари од противникот, но Полска се радуваше на победа и три бода.

Роберт Левандовски го постигна својот прв гол на Светско првенство.

Со денешната победа Полска го зазеде првото место во групата Ц. Полјаците имаат четири бода, а Саудијците три бода. Преостанатиот натпревар од второто коло во групата Ц го играат Мексико (еден освоен бод) и Аргентина (без бодови).

Во последното коло Полска ќе игра против Аргентина, а Саудиска Арабија со Мексико.

URL
реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе