Данијела Мартиновиќ искрено за изгледот: „Никогаш не се чувствував како убава жена“

Фото: Инстаграм/Данијела Матиновиќ/Ѕвонимир Ферина

Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ (52) беше дел од жири-комисијата на 13. сезона на забавната емисија „Zvijezde pjevaju“, чие финале ќе се емитува на 4 мај на Хрватската радио-телевизија (ХРТ).

Водителката Уршула Тољ ги гостуваше финалистите на шоуто во својот поткаст на ХРТ, заедно со членовите на жирито – Мартиновиќ, Марио Батифјака и Марко Тољ.

Водителката ја праша пејачката како секогаш изгледа толку убаво и младолико, а Мартиновиќ ѝ призна дека никогаш не се чувствувала како убава жена.

„На пример, Лејла е убава, згодна и има долги нозе. Убава жена е. Јас отсекогаш се чувствував како личност која е блиска со сите, како девојка од соседството“, објасни таа.

Но, Мартиновиќ ѝ се заблагодари на водителката за комплиментот и ѝ кажа дека нејзините зборови се прекрасни.

„Што се однесува до храната, многу внимавам што ставам во телото. Поради некои здравствени проблеми, морав да почнам да внимавам на исхраната. Но, еве, има малку светлина на крајот од тунелот и се обидувам да се справам со тоа“, откри пејачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот