logo
logo
logo

Русите испратиле авион СУ-27, откако фреанцуски воени авиони надлетале над Црното Море

Vecer | 05.03.2024

Русите испратиле авион СУ-27, откако фреанцуски воени авиони надлетале над Црното Море

Руското Министерство за одбрана соопштило дека успешно е спречено нарушување на државната граница на Руската Федерација бидејќи француските авиони се свртеле од руската граница по приближувањето на рускиот ловец, пренесе Баронс.

Според државната новинска агенција Тас, руските системи за контрола на воздушниот простор над Црното Море денеска откриле три воздушни цели кои летаат кон руската државна граница.

„Екипажот на рускиот ловец ги идентификуваше воздушните цели како авион за радар за откривање и контрола со долг дострел Е-3Ф (АВАКС) и два повеќенаменски ловци Рафале од француските воздухопловни сили“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Тие додаваат дека летот на рускиот ловец бил извршен во строга согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор над неутралните води, без преминување на воздушни рути или опасно приближување кон авион од странска држава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk