Официјално: Ернест Ѓока е нов тренер на ФК Шкупи

Ернест Ѓока (лево од фото)/fcshkupi.com

На пет кола до крајот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига во која клубот од Чаир има шанса да ја освои титулата, Шкупи се одлучи за нов тренер.

Официјално, како што објавија од ФК Шкупи, по слабите резултати со досегашниот босански тренер Младен Жижовиќ, на клупата доаѓа Ернест Ѓока од Албанија.

Ѓока, кој има големо искуство како тренер, во албанскиот фудбал ги водеше екипите на Кукеши, Фљамуртари, Влазнија, Камза, Аполонија, Томори. Тој има успешно искуство и во Македонија, откако со ФК Шкендија ја освои шампионската титула во сезоната 2020/2021.

– Задоволен сум што дојдов во тим како Шкупи, тим кој е изграден да стане шампион, елитен македонски фудбалски тим. Секако, среќен сум што им се приклучив, па мислам и се надевам дека заедно ќе ги свртиме овие пет завршни натпревари во наша корист, зошто да не бараме шампионска титула за тоа што е изграден овој клуб – рече Ѓока.

Договорот на Ѓока со ФК Шкупи ги вклучува последните пет натпревари од оваа сезона, како и целата наредна сезона, со опција за продолжување на договорот за уште една година. По официјалното претставување, тренерот Ѓока се сретна со својот стручен штаб и со фудбалерите, со што веднаш ги започна првите тренинзи за почеток на подготовките за претстојните предизвици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот