• Мартин Танасковски
Ѕвездата на Милвоки Бакс, Боби Портис се враќа во НБА лигата откако ја одлежа суспензијата од 25 натпревари.
Американецот беше суспендиран на 20 февруари, откако ја прекрши антидопинг програмата со позитивен тест на лекот трамадол. Портис рече дека не го зел овој лек намерно, а потенцира дека сакал Торадол, лек кој е одобрен и кој го користел претходно.
Се очекува Портис да биде во тимот за вечерашниот натпревар против Минесота. Портис сезонава на вкупно 46 натпревари имаше просек од 13,7 поени, 8,3 скока и 2,2 асистенции по меч.