Која е Валери од истоимената песна на Ејми Вајнхаус?

ејми вајнхаус
Ејми Вајнхаус / Фото: EPA/FRANTZESCO KANGARIS

Една од најпопуларните песни на Ејми Вајнхаус е „Valerie“, хит од 2006 година кој стана омилен на фановите, но малкумина знаат дека песната е всушност кавер и дека првично е напишана и изведена од британскиот бенд „The Zutons“. Постојат многу теории за што или за кого се работи во песната, но мистеријата конечно е решена бидејќи е пронајдена „вистинската“ Валери од песната, пишува „NME“.

Фото: EPA/DOMENECH CASTELLO

Валери Стар е позната шминкерка од Њујорк, која во интервју за Вајс откри како била во врска со фронтменот на бендот Дејв Мекејб и рече дека песната всушност е за неа, што Мекејб го потврди.

„Таа беше во САД, јас бев дома и тоа беше како разгледница“, рече тој и откри што точно го инспирирало да ја создаде песната. Имено, Валери за малку ќе отидеше во затвор по неколку сообраќајни прекршоци, кои ја спречија да дојде во Велика Британија. На крајот на краиштата, Ејми Вајнхаус во песна праша: „Дали ти треба добар адвокат?“

„Се сеќавам кога ми кажа за песната. Тоа беше како „Напишав песна за тебе. И стана сингл“. И тој не сакаше да ми каже никакви детали. Беше многу срамежлив поради тоа. И си помислив „Валери, како звучи оваа песна?“, признала Валери.

Двојката првично се запозна на концерт во Флорида, каде Зутонс беа предгрупа.

„Имаа толку уникатен звук и никогаш порано не сум слушнала такво нешто. Електричната енергија што ја создадоа заедно на сцената како бенд беше едноставно прекрасна“, се сеќава таа.

epa-efe
Фото: EPA/FRANTZESCO KANGARIS

„Еден пијалок се претвори во многу други. Отидовме во станот на еден пријател и пиевме шампањ на покривот додека не изгреа сонцето. И тоа беше нашата прва средба”, додаде таа.

На прашањето која е нејзината омилена реплика од песната, Валери рекла дека ѝ се допаѓа делот во кој тој ја опишал нејзината „црвена“ коса, додавајќи дека таа во тоа време се „облекувала смешно“, исто како и Валери од песната.

unsplash
Фото: EPA/STEFFEN SCHMIDT

Валери раскажа како и било скршено срцето кога видела дека песната станува огромен хит во исто време кога Ејми Вајнхаус се борела со зависноста.

„Таа беше брилијантен уметник. Таа беше напред пред своето време. Тоа е толку тажно и трагично, на толку многу начини. Како и видеото, таа не можеше да биде во него бидејќи беше во свој свет”, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот